Актерката и РТВ водителка Весна Петрушевска – Бејби во интервју за естрадниот магазин “Бекстејџ” откри дека после долго време има ново момче и е посреќна и позаљубена од било кога. Иако е релативно кус временски период во врска со него, Весна вели дека конечно успеала да го пронајде вистинскиот и додава дека искрено се надева оти оваа романса ќе потрае.
„Еве, ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат“– изјави актерката која изминатиов период се соочи со голем број на проблеми.
Имено, нејзината ќерка Мина беше нападната од педофил, претходно и изгоре семејната куќа на родителите, а пред извесен период потона и нејзиниот автомобил во водите на Вардар.
„Секој човек има проблеми, па така и јас. Сепак успеав се ‘ да пребродам. Патев и од депресија и анксиозност, но го надминав и тоа“ – додаде среќно вљубената Бејби.