Радио Милева шегобиец...

Весна Бејби ја распаметија свадбените трубачи, ама Игор Џамбазов „ја дотепа“: Кога другар ти ќе ти каже искрено… да пазиш „жолтото комбе“ по тебе да не е дојдено? (ФОТО+ВИДЕО)

Весна Бејби ја распаметија свадбените трубачи, ама Игор Џамбазов „ја дотепа“: Кога другар ти ќе ти каже искрено… да пазиш „жолтото комбе“ по тебе да не е дојдено? (ФОТО+ВИДЕО)

Она што е Игор Џамбазов меѓу машките актери, тоа е и Весна Бејби Петрушевска кај дамите… Обајцата врвни глумци, ТВ водители, забавувачи, автобиографи… Со тоа што Џамбаз е и пејач – блузер, а Бејби – едукатор со своето училиште за млади актерски таленти. И над сето тоа, професионално се колеги и  соработници во разни заеднички проекти, а привартно можеби и најдобри другари.

А кога имаш така близок другар тој и во арно и во лошо може да ти се најде и помогне, ама може да си дозволи и да ти каже што сака!

Така Весна Бејби пред некој ден во влезот од нејзината зграда слушнала гласна плех музика… Во живо! Од трубачи и тапани ечеле и влезот и целата зрада зашто некој нешто славел… Свадба најверојатно!? Чешитата Бејби како што ја дал Господ, не е жива ако не се пошегува, најчесто  на своја сметка како и овој пат, па шегата јавно ја споделила на социјалните мрежи:


„Јас мислев мене дошле за невеста да ме земат. како сум се извадила од памет“ – шеговито споделила Бејби на своите Инстаграм приказни, терајќи шега на своја сметка!

Свадбените трубачи и блех музиката можеби и ја распаметија, ама Игор Џамбазов со својот коментар на нејзината објава –  „ја дотепа“ откако Џамбаз во репликата и напиша:

„Ти глеј од Бардовци да не те земат…“!  Или што би рекле жаргонски во превод: „Внимавај, кога ќе се паркира ‘жолто комбе’,  по тебе да не е дојдено?“

До душа и тој на шега, ама… некако „несолена“?! Така барем тоа го сфати неговата колешка и другарка Весна, на која како да не и беше право, па само „процедурално“ му возврати на колегата – „шегобиец“ со реплика на репликата: „Шубаво ми мислиш, ја на тебе никад вака“!

Дали во моментот Бејби се сетила на старата добра поговорка: „Во секоја шега – половина вистина“, или само онака од чиста забава и таа му одглумила „повредена персона“ – знае само актерката?!

Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska

 

To top