Мегафон ТВ еколошка (е)мисија

Весна Бејби и Игор Џамбазов пак ќе ја спасуваат природата: Почна снимањето на втората сезона на еколошкото шоу „Агенда 21“

Весна Бејби и Игор Џамбазов пак ќе ја спасуваат природата: Почна снимањето на втората сезона на еколошкото шоу „Агенда 21“

Почна снимањето и подготовките на втората сезона на еколошката ТВ емисија Агенда 21. Актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов , пак ќе ја спасуваат природата.

Во новата сезона покрај Весна и Игор, учествуват и младите, сега веќе поискусни од минатата сезона, Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова. Тука се и децата од актерската школа на Весна, кои се дел од снимањето на еколошката емисија за подигање на свеста за зачувување на природата.

„Загадениот воздух и почва, дивите депонии и електронскиот отпад ќе бидат главна тема и оваа сезона. Мора сите повеќе да се грижиме за животната средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење“- рече Весна Петрушевска.

Еколошката ТВ емисија Агенда 21 е во продукција на КМК, од каде велат дека се свесни за големата тежина на темите кои ги обработуваат и дека само со едукација и јавна дебата може да се дојде до посакуваната цел, а тоа е зачувување на природата и чист воздух.

„Во ова непредвидливо време во кое живееме тешко е да се зборува на вакви теми. Токму затоа сме многу среќни што компаниите Нула отпад и Пакомак ја препознаа нашата мисија. Се надевам дека емисијата има влијание кај гледачите, а особено кај младите преку најмладите глумци од актерската школа на Весна Петрушевска бидејќи, ефектите од глобалното затоплување ги чувствуваме секојдневно“  – потенцира Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

To top