По завчерашниот инцидент, кога во предвечерието на празникот Свети Никола автомобилот на познатата македонска актерка и радио и ТВ водителка Весна Бејби Петрушевска, среде Скопје мистериозно се најде во водите на Вардар, социјалните мрежи беа преплавени со постови и коментари. Едни беа сериозно загрижени, други шокирани, трети вчудовидени… но имаше и многу кои од немилиот настан се обидуваа да нправат пародија на туѓата мака.
Сеирџии, лажни душегрижници, лицемери, хејтери, мрчатори, потсмевачи… социјалните мрежи „зовреа“, и како по обичај нивните корисници се поделија на едни и други, сместени во претходно опишаните категории.
24 часа по немилиот настан на истите тие социјални мрежи се огласи и онаа која беше погодена од инцидентот, но и прозивана од споменатите – Весна Петрушевска – Бејби!
Но од сето напишано, веројатно најсилно е и најмногу вреди она што нејзините деца Мина и Кирил и го кажале кога влегла дома.
Ова е нејзиниот Фејсбук статус, како одговор на сите оние кои ја прозиваа и споменуваа. Вака или онака… Особено, до оние- „онака“! Еве што им напиша Бејби:
„Автомобилот беше паркиран под мостот од причина што поголемиот дел од моите колеги се паркираме и одиме на проба, претстава. Зошто се паркираме таму е оти нашиот паркинг е полн со сценографија за која патем се не е испланиран простор и мора да се чува некаде,играме претстави,но тоа е друга тема. Неисе, за сите што шпекулирате, имате дневна сензација, претпоставувате апсурдни нешта(примерно сум возела покрај кеј , па сум влетала во Вардар и сум излегла мртва ладна) да ви кажам дека беше на одалеченост од кејот со дигната рачна и во брзина. Се останато има служби ќе си истражат. Во секој случај е морбидно и грозно. За недозволено паркирање се плаќа казна. Не ме зачудува воопшто лошотијата и “храброста” зад тастатура. За сите вас “душебрижници”со претпоставки од најгнасен тип да ви кажам едно нешто, мислев само на децата да не се потресат оти бргу се прошири веста. Помисливте на тие дечиња ако случајно јас бев во автомобилот? Јас работам чесно и достоинствено, вие може да пишувате по постови до утре и назад!Кога последен пат сте помогнале некому?Ј ас секојдневно! Бев на проба со децата од Бејби шоу ,работиме на убави нешта,се учиме на достоинствен живот и живот без различности.Благодарам на пожарникарите, на полицијата кои беа на висина на задачата.Благодарам на сите што се јавивте да ме прашате дали сум добра. Една светла точка и која ја прифаќам тоа е духовитоста на поединци. Да, беше морбидно и страшно. Јас немам друг избор освен да се борам како и секогаш! Благодарам на сите добри луѓе кои вчера беа со мене 7 часа на нозе: Вики Виолета Дамевска Горгиева, Игор Џамбазов, Јоце мил,мама Сашка Петрушевска,тато Кирил Петрушев и секако многу благодарам на Кети Кејт Катерина која остана со дечињата на проба и ја истера пробата. Првото влегување дома гушка од Кики и Мина со една реченица: ”Само ти да си ни добра!”