Пејачот Милан Динчиќ Динча и неговата избраничка Јелена Секуловиќ стапија во граѓански брак во април минатата година, откако имаа интимна прослава со семејството и пријателите во околината на Белград.
Пејачот Милан Динчиќ и водителката Јелена Секуловиќ, со која се венчаше пред точно година дена, закажаа свадба за 17-ти мај.
Веселбата за свадбата изостанала поради поодминатата бременост на Јелена, но и еден смртен случај во семејството што диктирало веселбата да се одложи. По една година заедница и раѓање на детето, се создадоа услови за свадба која веќе е испланирана до најмал детаљ, а поканети се 400 гости.
-Поканивме 400 луѓе кои ни значат, сите до еден. Никој не го повикавме онака, тоа е наше семејство, голема фамилија и пријатели. Најважен гостин е нашиот син Вукан кој ни дава смисла на животот и нашата голема љубов и веќе знаеме дека се ќе биде најубаво. Кога ќе му досади има кој да го однесе дома, а Јелена и јас ќе продолжиме да се веселиме што судбината не спои – вели Динча за „Сцена“, месец дена пред свадбата.