Познато е дека фолкерите најмногу заработуваат на ромските свадби. Овие прослави се своевиден феномен и за нив се трошат баснословни пари. Имено, станува збор за милиони евра, па не е чудно што на пејачите најмногу им се допаѓа кога имаат ваков ангажман.
Сепак, не е се секогаш така лесно. За ова неодамна проговори Љуба Аличиќ, кој е и баран пејач на овие свечености. Како што откри, се сеќава дека во една прилика настрадала Верица Шерифовиќ.
View this post on Instagram
-Тие луѓе знаат да се забавуваат, даваат голем бакшиш. Во Србија нема такви свадби бидејќи народот има повеќе пари во Италија, Франција, Австрија. Ретко пеам на свадби во Србија. Ретко е да се биде богат во Србија, раскажа Љуба, а потоа откри дека во една прилика за малку ќе го погодат во глава – почна Аличиќ, па додаде:
– Тие не фрлаа во мене, туку во некој таму, а тоа само прелета покрај мене. Се сеќавам дека еднаш со пепелник ја удриле Верица Шерифовиќ по лицето. Навистина отече – изјави Аличиќ за Блиц.
фото: Instagram printscreen/ vericaserifovicofficial