Бојана Родиќ и Мирко Шијан ќе се венчаат на 18 септември, а идната невеста решила да ја прослави моминската вечер со сестрата Наташа и нејзините пријателки поминувајќи неколку дена во Црна Гора.
Убавата невеста решила да ја прослави моминската вечер најдобро што може и наместо една вечер, неколку дена ќе се дружи со пријателките.
Бојана и Мирко го имаат синот Зоран, а очекуваат уште едно ново засилување. Тие неодамна го прославија првиот роденден на синот Зоран, а потоа најавија дека по втор пат ќе станат родители.
И пејачката Гоца Божиновска потврди дека свадбата се подготвува и дека ќе биде спектакл:
– Точно е, свадбата е на 18 септември. Сите сме многу возбудени и среќни. Не можам да ви кажам ништо за деталите бидејќи се договоривме дека се ќе биде изненадување, ве молиме разберете. Сигурно сите важни детали им ги оставив на Мирко и Бојана, а ситните работи ќе ги правам. Ви благодариме што прашувате и честитате – рече Божиновска.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Бојана Родиќ/Дамир Дервишагиќ/Немања Николиќ