Радио Милева ранобудна убавица

Вера Мештеровиќ уште рано наутро возбудена за денот, ТВ гледачите уште повозбудени, веднаш штом ја видат (ФОТО)

Вера Мештеровиќ уште рано наутро возбудена за денот, ТВ гледачите уште повозбудени, веднаш штом ја видат (ФОТО)

Поранешната мисица, а сега актуелната ТВ водителка Вера Мештеровиќ, со право  ја носи титулата за една од најубавите жени во Македонија. Таа е редовен корисник на социјалните мрежи и лесно можеме да дознаеме за нејзините активности или љубопитно да се инспирираме од нејзината приватност.

Мештеровиќ е ранобудна убавица бидејќи е водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“, па мора да се подготви рано наутро што би се рекло уште кога првите петли ќе пропејат.

Вера во тоа гледа возбуда, уживање и задоволство, а тоа го докажа и со уште една фотографија на нејзиниот Инстаграм, каде на нејзините фанови им посака среќна работна недела во провокативен стајлинг. Истовремено, пронаоѓајќи се и цитирајќи ја познатата американска актерка Кирстен Данст:

„Го знаете тоа чувство кога ќе се разбудите наутро и сте возбудени за денот? Тоа е една од моите главни цели во животот“ – напиша таа во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

Вера е лек за утринско расонување, па следбениците потврдно и ставија доста лајкови, а доби и многу позитивни коментари: „Дама во секој поглед“. Мисицата до толку им се допадна што нејзината убавина ја споредија и со божицата на убавината па и напишаа: „Сите сме ние дел од оваа планета земја, но вие сте сигурно од некоја друга, каде живеела божицата Афродита“, „Убавица“, „Една и единствена“.

Вера одлично се снаоѓа пред телевизиските екрани но, и пред објективот на нејзиниот телефон со кој вешто го доловува нејзиниот сексапил и ја покажува  својата телесна  убавина.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Вера Мештеровиќ

To top