За некогашната Мис на Македонија, модел и актуелна ТВ водителка на утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонијо“, Вера Мештеровиќ, дојде време за нејзините летни денови за одмор.
Период кој едни веќе го искористија, а други кои се решиле да го направат во касно лето допрва ќе уживаат во топлите летни денови, плажата и сонцето.
Вера е во оние вторите, па сега ужива на Јадранот и во убавините на Хрватска.
Ако прави пауза од пред камерите на работа, тоа не мора да биде правило и за онаа приватната камера од мобилниот телефон кој редовно и е наместен од позиција за кадар повеќе или секси видео.
View this post on Instagram
Поза од напред, од назад, па насмевка ѕиркајќи под сламениот шешир, Вера како и секогаш вешта тоа да го изведе перфектно, а резултатот секогаш да биде за пофалба и коментари кои редовно се наредени со комплименти.
Расна, стројна и извајана од секој атрибут кој мајката природа и го дала, па вака сплотена со природата додека се пече на карпестата плажа, Вера како што се вели во еден коментар „грее“.
View this post on Instagram
Според приложените објави, атрактивната водителка веројатно ги обожава бикини моделите на костими за капење, но оние стандардните.
Па така, дури и во не така впечатливата и тренди танга, кога Вера позира со фокус на задникот, погледот не може да не застане на длабоко врежаниот долен дел колоритниот комплет.
За нештата да бидат повпечатливи, Вера Мештеровиќ објави неколку видеа од своето летно уживање на Јадранот, па уживањето визуелно се пренесе и кај нејзините бројни фанови и следбеници, особено оние од посилниот пол.
фото:Инстаграм принтскрин/Вера Мештеровиќ