Вчеравечер, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа 27-то издание на „Златна Бубамара на популарноста“ на која присувствуваа голем број на јавни личности од светот на повеќе сфери, музиката, глумата, спортот…
Таму беа и македонските убавици, познатите водителки од ТВ екраните и пејачките кои на нивните профили на социјалната мрежа веднаш се пофалија со стајлингот околку кој посветиле посебно внимание, а впечаток оставија Андријана Јаневска и Вера Мештеровиќ кои и двете се одлучиле за црвени тоалети.
Вера Мештеровиќ некогашната мисица и модел, а сега актуелна ТВ водителка беше елегантна како и секогаш, па блесна во црвената креацијата која одлично и стоеше и дополнително ја истакна нејзината убавина.
Вера објави заедничка фотографија со нејзината ќерка Јована со која заедно се фотографирале додека ја следеле Златна Бубамара па позирале и пред камерата на мобилниот телефон.
Царвената боја беше изборот и за македонската пејачка Андријана Јаневска и на овогодинешното издание како и минатата година, а додека таа беше на сцената за време на манифестацијата од публиката ја фотографираше ТВ водителката Марјана Станојковска која ја сподели и на нејзиниот Инстаграм профил.
Тие заедно седеле во публиката па направиле и една заедничка фотографија за спомен.
Ова беше нивната комбинација во која случајно или не ја погодиле нијансата, а чиј моден избор повеќе ви се допаѓа, останува ваше.
Фото: printskrin/instagram/zlatnabubamara/marjanamay/veramesterovic