Радио Милева нови шокантни детали

Венчавката на Меган и Хари била престава за јавност, тие тајно се венчале пред „свадбата на деценијата“

Венчавката на Меган и Хари била престава за јавност, тие тајно се венчале пред „свадбата на деценијата“

Меган Маркл и Хари во интервјуто за Опра Винфри истакнаа дека сакале нивната свадба да биде нивна приватна работа.

Војводата и војвотката од Сасекс во интервју за Опра открија многу непознати детали. Парот откри кој е полот на бебето кое го чекаат, дека Кејт Мидлтон ја расплакала Меган пред венчавката, дека дел од кралското семејство се плашел колку ќе биде темна кожата на синот Арчи, каков е односот меѓу кралицата и Меган, но и дека го изговориле судбоносното „да“ и пред романтачината церемонија во Виндзор.

фото: Профимедиа

Маркл откри дека таа и Хари се венчале во дворот три дена пред свадба која ја гледаше цел свет.

„Никој не знае за тоа, но ние го повикавме архиепископот и му рековме: Ова е спектакл за светот, но ние сакаме.
заедницата да биде наша“, изјави Меган.

To top