Радио Милева
исповед на боксерот

Вељко Ражнатовиќ за прв пат отвори душа: За девојките пред Богдана, за смртта на Аркан и човекот во кого нашол втор татко, за детството и ќотекот од Цеца… (ФОТО)

Вељко Ражнатовиќ за прв пат отвори душа: За девојките пред Богдана, за смртта на Аркан и човекот во кого нашол втор татко, за детството и ќотекот од Цеца… (ФОТО)

Младиот боксер ја отвори душата и раскажа сè за своето детство и тоа како растел без едниот родител, девојките што ги имал пред сопругата Богдана, ќотекот од неговата мајка Цеца, човекот во кого нашол втор татко…

Најтешкото за наследникот на Аркан и Цеца било тоа што тој речиси и да не се сеќава на својот татко, затоа што Аркан беше убиен кога Вељко имал само четири години, на 15 јануари 2000 година.

„Постојано прашував каде е татко ми, а мајка ми и тетка ми не сакаа да ме лажат, па ми признаа дека е мров. Тоа беше шок за мене. Тоа е шок за секое дете … За среќа, бев многу мал. Не сакам да зборувам за тоа, тоа е тешка тема, само ние знаеме како ни беше. Не можам веќе да размислувам за нефер нештата што ми се случија. Сега останува на мене да му дадам сè на моето дете, да продолжам со животот “ – вели Ражнатовиќ.

Вељко зборуваше и за неговите поранешни девојки Маша Терзиќ и Луна Ѓогани:

„Единствената сериозна врска ми беше со Маша, која траеше четири години. Тоа беше мојата прва голема љубов, но  бевме деца, не бевме зрели … Бев во смешна врска со Луна. Всушност, тоа не беше ни врска, бевме во мали. Мислам дека имавме шест години. Како деца бевме вљубени еден во друг. Слушнав дека е бремена и и’ посакувам се најдобро, да се омажи и да има што повеќе деца.

Покрај смртта на неговиот татко, неговото детство беше обележано и со апсењето на неговата мајка Светлана. Никој не го криеше убиството на неговиот татко, но за апсењето на неговата мајка го излажале.

„Додека мајка ми беше во затвор, мислев дека е во Америка. На мене и на Анастасија ни рекоа дека таа е отидена на турнеја и јас верував во тоа. Бев дете, одев на училиште и чекав да се врати мајка ми, а тие тие рекоа дека ќе си дојде наскоро. Ниту едно од децата не ме задеваше, сите бевме мали, па не ни помислувавме на тоа“ – рече Ражнатовиќ.

Бурни настани од тој период го погодиле Вељко, па тој бил проблематичен за време на школувањето. Затоа од Цецаа често добивал и ќотек.

„Мајка ми постојано ме казнуваше, не ме пушташе да излезам надвор од дома, но кога веќе не знаеше што друго да прави со мене,  најде еден наш домашен пријател. Не сакам да го откривам неговото име. Поради него, во животот како да имав и татко, иако немав татко. Многу го почитувам! Повеќе се плашев од него отколку од мајка ми Цеца. Дури и денес. Тој е единствениот пријател на татко ми, кој беше со него до самиот крај и кој е постојано со нас. Ме гледа како да сум му син, тој не ме одделува од своите деца. Се обидува да ми помогне секогаш кога тоа ќе ми треба, како и да ме советува. Го слушам сè што ќе каже, без поговор, без дискусија!

А кога мајка ми ќе ми каже нешто, јас се расправам со неа и си го терам своето. Сите сме многу благодарни на пријателот на татко ми. Сепак, никој не може да го замени Аркан…“ –  раскажал Вељко.

Останати вести од Радио Милева