Вељко Ражнатовиќ, заедно со свршеницата, Богдана Родиќ, минатата ноќ се појави на роденденот на познат белградски златар.
Боксерот и наследник на Цеца Ражнатовиќ и неговата поубава половина беа гламурозни во елегантно издание.
Додека Вељко избра црн џемпер и сив капут комбинирано со фармерки, Богдана се одлучила за долг црвен фустан од проѕирна тантела и бела бунда над него, со што сите очи гледаа во неа.
Вељко и Богдана дојдоа во ресторанот каде што се одржа прославата, насмеани и расположени, а тој не ја пушти раката на својата сакана.
Секако, тука беа и медиумите, за да го овековечат овој момент и да го покажат на јавноста.