Цеца во новата епизода на своето „Цеца шоу“ признава дека често го запоставува семејството поради големите обврски. Но, таа го користи секој слободен момент за да направи убави работи за нив.
Затоа решила да ја изненади снаата Богдана со подарок.
– Маченце, дали ги видовте подароците? Дали ви се допаѓаат? – ја праша Цеца по телефон Богдана.
– Да, видов, многу ми се допаѓаат! Ви благодарам многу – одговори Богдана.
– Не сакав ништо да ти кажам, само се качив горе и ги наредив подароците – рекла Цеца и додала:
– Не сме типична свекрва и снаа, се сакаме – на што Богдана рече дека се како мајка и ќерка.
Во позадина на разговорот се слушаше коментарот на Вељко „Ќе ја разгалиш!“. на што Цеца одговори:
– Кога не сакаш ти, јас морам – низ насмевка рече Цеца.
фото:ATA Images/Printskrin BlicTV