Радио Милева
празнична магија

Велигденско шаренило во домот на познатите Македонки (фото)

Велигденско шаренило во домот на познатите Македонки (фото)

Велигден, празник кој носи многу радост, среќа и топлина во нашите домови.

Велигден е најрадосниот христијански празник, па затоа декорот на домот, треба да биде весел и пролетен. Познатите Македонки се потрудија да направат вистинска празнична атмосфера, внесувајќи весели бои, слатки велигденски украси и пролетна свежина во домот.

Зајачиња, лалиња, пиленца, а главното место во секој дом го имаат велигденските јајца.

Секоја домаќинка по свој вкус, на децата и останатите членови во семејството ги бојадисуваат јајцата и ги украсуваат со разни декорации.

Велики четвток е денот кога се вапсаат првите три јајца пред изгрејонце, а потоа и останатите.

Марјана Станојковска, Тамата Родевска, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Мелита, Кристина Димитриевска, Елена Марковска, Милена Антовска… Секоја од нив преку своите „стори“ на Инстаграм им овозможи на следбениците да ѕирнат во празничната велигденска марија во нивниот дом, а притоа и да се пофалат со јајцата и декорацијата која ја направиле.

Онаа што се вложи повеќе, па дури и да сними видео од домашниот празничен анбиент беше Марјана Станојковска кај која се блескаше уште од Велики четврток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Се’ почна со трите црвени јајца, а продолжи со уште многу во нежни пастелни нијанси, свежи лалиња, украси од зајачиња, велигденски колачиња…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Пред да замине за Лондон, и пејачката Тамара Тодевска се потруди да ја испочитува традицијата и тоа да го покаже јавно.

Кај Андријана Јаневска овој велигден сe’ е во знакот на диносаурусите, веројатно според желбата на нејзините синчиња.


Елена Петреска се облучила за јајца без многу боја, но со акцент за украсувањето.

Мелита пак, во свој стил сакаше нејзината велигденска трпеза да блеска, па своите јајца ги декорираше со разни светки и циркони.

Водителките Милена Антовска Станковска и Елена Марковска се решиле за шаренило кое сигурно придонесе за дополнителна позитивна енергија од моментот за чукањето.

Шаренило од велигденски јајца на трпезата имаше и кај мисицата и пејачка Кристина Димитри.

Велигденските празници нека го исполнат секој дом со мир, радост, љубов, здравје и бериќет!

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева