Мегафон

Велигденски концерт на „Танец“

Велигденски концерт на „Танец“

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ вечер, понеделник 10 април 2023 год.  во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот, ја започнува својата 74. сезона, традиционално, со голем Велигденски концерт.

Оваа година, како што наведуваат од ансамблот, концертот е со посебен предзнак – програмата е посветена на музиката која првенецот Милан Завков ја твореше за својата матична институција, ансамблот „Танец“.

На репертоарот се неговите познати кореографии „Беломорски бисер“, „На мегдан“ и „Охридски игри“, кои тој ги создаде заедно со својот долгогодишен колега, играорецот и кореограф Симеон Чулев, како и кореографијата „Копачија“, која е производ на соработката на Завков со кореографот Стојче Каранфилов. На концертот се застапени и повеќе вокално-инструментални точки и од неколку други кореографски постановки, на кои стои потписот на големиот музички автор, композитор и аранжер, инструменталист, првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на Танец, Милан Завков.

Милан Завков (1 јули 1962 – 6 февруари 2023) е вљубен во музиката од најраното детство. Свири на хармоника од осумгодишна возраст, а веќе на 14 години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец”. Младинските денови ги поминува свирејќи во КУД „Мирче Ацев“, а својата музичка наобразба ја добива на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде успешно дипломира на инструментот контрабас, заради немањето студии по хармоника. Тоа сепак не го колеба својата професионална кариера да продолжи да ја гради на својот прв и единствен избор – хармониката и со неа ќе оствари неверојатно богата изведувачка и творечка кариера.

Со голема популарност се здобива уште после издавањето на првито албум со “Октет Македонија“, а потоа таа само расте низ делувањето со групата “Македонски мерак”. Така Завков во својот богат творечки пат, како композитор, аранжер и изведувач ќе ни остави над 150 авторски творби, многу трајни снимки и десетици дискографски изданија, со цела низа на безвременски народни хит-мелодии.

Секако, низ годините се истакнuva и како солист-инструменталист на многу ора и чочеци и заслужено се здобиva со статусот на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

To top