Периодов Северина Којиќ повторно е во центарот на вниманието поради експлицитните фотографии кои се појавија на социјалните мрежи.
По тој повод, се огласи и нејзината колешка, пејачката Дара Бубамара.
„Јас не знам кој ги праќа тие фотографии. Мене навистина ми е жал. Велат дека самата Северина ги пратила фотографиите во медиумите, но јас не верувам во тоа бидејќи има дете и син“,вели Дара во „Ексклузив“ и потоа прозбори за профилот на личноста која стои зад тие фотографии.
„Тој некој на кој таа му ги праќала фотографиите, не знам дали тоа било претходно или сега, тоа е некој психопат кој пати за неа. Треба да биде џентламен ако бил со таа жена и ако ги има фотографиите, зошто да ги дава во медиумите? Тоа е дно, вели пејачката.
Таа ги советува сите јавни личности да не праќаат екплитицните фотографии до некој дечко бидејќи кога ќе раскинат со истиот може да ги прати во медиумите.