Гласините кои пред неколку дена како бомба одеканаа во јавноста, по се се чини дека се невистинити.
Имено пред неколу денови извор близок до семејството Бекамови, тврдеше дека пред 19- годишнината од брак, парот се разведува.
Сепак Бекаови, денеска слават 19 годишнина од брак, а Дејвид на социјалните мрежи и ја честиташе годишнината на својата сопруга Викторија.
Тој на својот Инстаграм профил сподели фотографија од нив двајцата и напиша:
„19 години…ова време пред 19 години бев облечен во виолетово од глава до пети… Среќна годишнина на најневеројатната сопруга и мајка…Те сакам“, притоа ги тагна и нивните 4 деца, а со оваа објава Бекам ја демантираше веста дека тие се разведуваат.
Фотографијата за помалку од 20 минути има 500.000 лајкови, а фановите пресреќни им честитаа.