Радио Милева

Веќе е познато: Еве која по ред ќе „грми“ нашата „Proud“ на големото финале во сабота!

Веќе е познато: Еве која по ред ќе „грми“ нашата „Proud“ на големото финале во сабота!

Откако нашиот евровизиски тим кој е годинава на Евровизија во Тел Авив, се израдува на пласманот кој го имаше вчеравечер на втората полуфинална вечер, набрзо потоа следеше и пресс-конференцијата за финалистите.

Гледачите овој сегмент од настанот немаа можност да го видат, но затоа Тамара преку социјалните мрежи на своите горди обожаватели им ги сподели моментите.

Имено, како и за првата полуфинална вечер, така и сега, се влечеше ждрепка од која беше направен редоследот на сите 26 песни кои ќе се натпреваруваат во сабота. Нашиот среќен број е осум!

„Proud“ ќе грми во првиот дел од големото финале, па овој пат нема да ја чекаме за да ја видиме и слушнеме до самиот крај како вчеравечер, иако и тоа беше многу добро бидејќи на крајот остави силен впечаток со својата несекојдневна музичка доминација на сцената.

Како што рече и самата, обувките кои ги носешее за амајлија, навистина и донесоа среќа, а не се сомневаме дека истите под фустанот ќе ги носи и во сабота.

фото:инсатграм/тамаратодевска

Инаку, на прес-конференцијата Тамара се заблагодари на сите кои гласаа за Македонија и изјави дека е многу горда на својот тим без кој рече дека не можела да успее.

To top