Јована Јоксимовиќ е позната како некој што не дозволува гостите да и прават проблеми во емисијата, но овој пат беше испровоцирана од писателката Ведрана Рудан.
Ведрана и гостуваше на Јована во емисијата „Уранак“, а повод беше новата книга на познатата писателка со наслов „Доживотен затвор“. Сепак, Јована ја испровоцира писателката, која пак дупло и врати:
„Дојдете ако немате што друго да правите. Таа на мене сега ќе ми напише посвета на книгата, секогаш сакам да прочитам што ќе ми напише, секогаш тоа е нешто…“ – рече Јоксимовиќ, и почна префрлањето:
„А кога би ја прочитале и книгата, но тоа е премногу, сега да не претеруваме. Ќе си ја прочитате само посветата“ – и одговори Рудан.
-Ова е моја емисија, јас сум уредник. Реклами“ – рече на шега Ведрана, цитирајќи ја Јована во ситуација кога го поканила политичарот Млаџан Ѓорѓевиќ, и додаде дека се сеќава на таа ситуација и дека си ветила „дека ќе биде фина и нема да каже ништо провокативно“.
„Ти се заблагодарувам за твојата самоконтрола“ – и рече Јована.
Покрај тоа таа изненади многумина со тоа што рече и дека „не знае дали мажот на Јована е маж, бидејќи тоа е широк поим“, и дека „Тој подобро се оженил отколку што се омажила водителката“.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/ К1/Танјуг