Радио Милева верен(иц)а без да знае

Ведрана Ѓорѓевиќ прво ја запросија на Бали, а потоа таа со топлес поза социјалните мрежи „ги запали“: Па добро бре „невесто“, кој го стави кокосот на погрешно место? (ФОТО)

Ведрана Ѓорѓевиќ прво ја запросија на Бали, а потоа таа со топлес поза социјалните мрежи „ги запали“: Па добро бре „невесто“, кој го стави кокосот на погрешно место? (ФОТО)

Македонската ТВ водителка Ведрана Ѓорѓевиќ откако „се симна“ од „Златниот тепих“, истоименото естрадно ТВ шоу кое го водеше со Миро Кацаров, тргна да заработува на понаков начин.

Од позната ТВ водителка долгоногата убавица реши да стане влијателна инфлуенсерка, па со своето момче Андрија отворија еден вид маркетинг агенција, преку која ги реализираат рекламните проекти  и ивенти за разни клиенти!

За таа цел и потебите што ги наметнува професијата Ведрана често ја користи својата убавина распослана на некоја егзотична дестинација, за да ја разбранува и поттикне желбата она што го промовира или рекламира, што подобро да се продава! Понекогаш атрактивната убавица тоа го прави и во понекоја подразголена поза!  Иако ништо експлицитно не се гледа, сепак позите се доволно возбудливи за да ја разбрануваат машката (па и женската) фантазијата, неретко до ниво на експлозија!

Така беше и овој пат кога ведрана и Андрија заминаа на уште една позната светска туристичка дестинација – индонезискиот остров Бали, а таму понесоа и златен накит од една залатарница, за Ведрана да го изрекламира!

Меѓу златните парчиња  се нашол и златниот прстен кој екс водителката на себе го носела без да знае дека снимањето на оваа рекламна сесија на актуелната инфленсерка ќе и биде судбинска!

 

Имено, нејзиното момче во договор со сопствениците на златарницата токму го одбрале тој прстен, божем за рекламно фотографирање, а всушност кришум било испланирано тајно запросување.

Откако се случил чинот на запросувањето Ведрана не ни била свесна дека вереничкиот прстен веќе „оддамна“  го носи на раката, а нејзиниот сега веќе свршеник Андрија подоцна и признал дека имал огромна трема пред да ја запроси, додека таа во ниту еден момент не претпоставувала дека тој нешто и подготвува. Нешто, што ќе ги спои и врзе за навека!


„Уште е рано за свадба, но дефинитивно нема да биде класична. Доколку правиме, ќе биде нешто што ќе одговара на нашиот животен стил“ – изјавила Ведрана за Црно-Бело.

Но затоа никогаш не е доцна за убави нешта, овој пат од Занзибар-Танзанија, меѓу кои и понекоја разголена секси фотографија…  Или барем таква требала да биде, некој да не ја „уништил“ возбудливата глетка!

Имено, телесно раскошната Ведрана испружена на прекрасната песочна плажа во бикини, решила да се сонча топлес, а момнтот да го овековечи со фотографија. Арно ама скокотливата глетка, некој решил да ја „замаскира“, па таму каде што погледот запира зашто возбудата би требала да биде најголема, пред нос „ни монтирал“ голем кокос!

И додека поголем дел од машката популација „го пцуе кокосот“ оти се нашол кај што не треба, прашувајќи:

„Па добро бре ‘невесто’, кој го стави кокосот на погрешно место?“ – самата Ведрана возврати со реплика за деталите на сликата:

„Паметен дечко ми, он ја намонтира и сликаше“!

На тоа, на тазе запросената свршеница пријателите и возвратија:

„Па добро, коректно од негова страна, реално можел и цело дрво да стаи, па и шума некоја“!

 

Како и да е, Ведрана Ѓорѓевиќ прво ја запросија на Бали, а потоа таа со топлес поза социјалните мрежи „ги запали“!

Фото: Инстаграм/vedrana_edrana

 

 

 

To top