Радио Милева

Веднаш привлекоа внимание: Погледнете во чие друштво прионцот Вилијам гледа фудбал

Веднаш привлекоа внимание: Погледнете во чие друштво прионцот Вилијам гледа фудбал

Секој припадник на посилниот пол е окупиран со Светското првенство во фудбал, а меѓу нив е и принцот на Англија, Вилијам.

Тој е во посета на Блискиот Исток, а цело попладне избегнувал да го слушне резултатот кој го постигнала Англија против Панама, бидејќи сакал да го гледа натпреварот.

Од Палатата Кенсингтон објавиле фотографија како принцот ја гледа победата на Англија над Панама, која заврши 6:1, после вечера во Палатата Беит Ал Урдин во Јордан.

Тоа што го привлече вниманието на јавноста, не е интересот на принцот за фудбалот, туку неговото друштво за гледање на натпреварот од светското првенство.

Целото внимание отиде кон симпатичното друштво на Влијам, па коментарите на фудбалската слика отидоа во насока на делење комплименти за принцот од Јордан. Принцот на Јордан му бил домаќин на Вилијам, тој го снимил натпреварот па после вечерата уживале во најважната споредна работа на светот, фудбалот.

  

To top