Радио Милева

Вечерва започнува Евровизија: Ова се прогнозите на обложувалниците за македонската и српската претставничка

Вечерва започнува Евровизија: Ова се прогнозите на обложувалниците за македонската и српската претставничка

Вечерва започнува првата полуфинална вечер на Евровизија, а српската претставничка Невена Божовиќ ќе настапи под број 9.

Според обложовалниците во Белград, Невена нема шанси да влезе во финале.

Меѓутоа, прогнозите на обложовалниците во Србија се слични на прогнозите во светот.

фото: Немања Николиќ

Сепак, Невена не ја допираат негативните резулатити.

„Мислам дека само личното задоволство може да ме доведе до влез во финале. Нема да ги разочарам луѓето, а се другото ќе звучи нескромно. Не верувам во обложовалниците бидејќи се случува тие да погрешат“ изјави Невена.

Најголеми фаворити оваа година се Холандија со квота 3.30, а веднаш зад неа се наоѓаат Шведска, Русија и Азербејџан.

Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната „Proud“ се наоѓа на 15то место со квотата 100, пренесува курир.рс

To top