19. издание на фолк-фестивалот „Роса“ годинава ќе се одржи вечерва, 26 октомври, петок, во МОБ. По повод 25-годишнината од постоењето на организаторот – радио „Роса“, изведувачите ќе пеат во живо, во придружба на фестивалски оркестар. Македонската телевизија ќе го снима фестивалот и тој одложено ќе се емитува на нејзините пограми“.
Годинава на фестивалската сцена ќе се појават најпопуларните имиња на македонската фолк естрада, како: Миле Кузмановски, Јордан Митев, Горан Кукиќ, Марјан Коцев, Душко Ѓеоргиевски, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Ленче Кукиќ, Сузана Гавазова, Анета Мицевска, Благица Павловска…
Како и секогаш, фестивалот е од ревијален карактер, а единствените награди што ќе се доделат се традиционалните награди за животно дело. Годинава нивни добитници се: Наум Бурназ, Нино Величковски и Ферус Мустафов. Водителка на фестивалот како и на неколкуте претходни изданија ќе биде Ирена Спировска.