Мегафон

Вечерва во Драмски театар започнува регионалниот театарски фетивал „Рута“

Вечерва во Драмски театар започнува регионалниот театарски фетивал „Рута“
Вечерва во Драмски театар започнува регионалниот театарски фетивал РУТА! Празник за сите кои го сакаат театарот!
Драмски со премиера на претставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ ја отвора РУТА. Играат Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ.
Во Скопје веќе започнаа да доаѓаат ансамблите на членките на РУТА: Београдско драмско позориште, Улисис од Хрватска, Камерни 55 од Сараево, Местно гледалиште Љубљана, Градско позориште Подгорица како и ансамблите и фестивалите што годинава учествуваат во претставите како копродукции, Народно позориште Ниш, Сараевски ратни театар и фестивалот Барски љетопис.