Јавните личности се почесто се мета и жртви на хакерите на социјалните мрежи.
Ваков виртуелен напад кој последно го паметиме беше оној на профилот на Миа Костова, како и врз оној на македонската водителка Лила Филиповска кои успеаја да се изборат пред хакерите за да го вратат својот постоечки профил и следбеници.
Но, хакерите бараат и други жртви меѓу јавните личности. Сега на мета беше планинарката и сакана на Игор Џамбазов, Илина Арсова.
Имено, нејзиниот Инстаграм е хакиран, а во соооштението на профилот пишува Игор:
-Дечки, некој го хакнал профилот на Илина Арсова. Сите пораки што ќе ви стигнат, не се од Илина туку од идиотот што го хакнал. Ве молам, пријавете и блокнете…Игор – пишува Џамбазов во одбрана.
Социјалните мрежи се повеќе стануваат главна алатка за маркетинг и бизнис, па хакерите ги користат профилите на оние корисници кои имаат голем број следбеници или пријатели за сопствени цели.
Нападот има и одбрана и тоа не било каква, затоа брзо очекуваме епилог во полза на омилената македонска јавна двојка.