Пејачот Шабан Шаулиќ почина на 17 февруари 2019 година во Германија.
Од тој ден, вдовицата од Шабан Шаулиќ, Гордана Шаулиќ се труди на секој начин да ги зачува спомените на пејачот.
„Не мислам дека времето лечи се и дека бледат некои работи. Многу се спори деновите, посебно ноќите. Кога ќе кажеш две години, луѓето мислат дека поминало многу време, но не. Секој ден е се потежок, годините стануваат се потешки, а најверојатно така ќе биде и понатаму. Во мојот случај ми застана животот, ми застана кога требаше да оди во мирен, среќен правец….Семејството е заедно, децата ни се големи. Шабан требаше да работи се помалку…Планиравме да се посветиме еден на друг, да патуваме, да се дружиме со некои луѓе кои можеби сме ги запоставиле во животот. Меѓутоа, од тој кобен ден застана животот за мене и децата. Тие се возрасни, па тоа различно го доживуваат, но Шабан беше мојот живот. Поминавме 44 години заедно. Заедно растевме, созреаваме, ги решававме семејните проблеми, образованието на децата и нивните бракови. Одеднаш сум во некој вакум…Не се вратив на нормалниот тек на животот, не знам како би изгледал, со оглед на тоа што целиот мој живот беше поврзан со Шабан. Го живеев неговиот живот“, вели Гоца за „Објектив“.
Шаулиќ се потсети и на последната средба со Шабан.
„Навечер кога не можам да спијам и кога си ги враќам сцените, мислам дека неговото последно заминување од куќата беше поразлично. Се реновираше улицата, тој тргна, па се врати, а тој никогаш не сакаше да го прави тоа и јас не му дозволував. Ако си заборавил нешто кажи ми, ќе ти донесам, кога ќе тргнеш од дома, нема враќање. Се најдовме на пола пат, во дворот, тој застана, јас му се приближив, уште еднаш се поздравиме. Тоа е тоа, таа сцена ми е замрзната во сеќавањата“, изјави Гордана.
Шабан зад себе ги остави сопругата Гордана, ќерките Санела и Илда, и синот Михајло.