Радио Милева ја болат спомените

Вдовицата на Шабан Шаулиќ се пресели во помал стан, а во нивната луксузна вила живее амбасадорка

Вдовицата на Шабан Шаулиќ се пресели во помал стан, а во нивната луксузна вила живее амбасадорка

Поминаа две години од смртта на пејачот Шабан Шаулиќ кој почина во сообраќајна несреќа во Германија, а неговото семејство, пријатели, колеги, не може да веруваат дека се уште го нема.

Вдовицата на Шабан Шаулиќ се исели од семејната вила за да помалку ја болат спомените кои ги има со музичката легенда.

Како што пишува блиц.рс, Гоца се преселила во помал стан, а вилата на Дедиње ја издава на амбасадорка.

„Секогаш се водеа по тоа дека најпаметно е да се вложува во недвижности. Затоа неколку години пред да почине Шабан купија стан во елитна населба во Белград. Во истата зграда, Шабан купи стан и на синот Михајло кој живее таму. Куќата ја издадоа на амбасадорка која профосеонално е во Србија, а вилата е нејзината резиденција. Идентитетот на амбасадорката се чува од безбедносни причини, па ретко може да ја видите во маалото. На неа многу и се допадна стилот на куќата, но и тоа што има огроман двор сокриен од погледи. Немаше сомнеж дека ќе ги прифати условите на Шаулиќ и дебело да плати за живеење во куќата. Се чекаше подолго време за да се заврши потребната документација“, тврди извор за Блиц.

фото: принтксрин/инстаграм/гордана шаулиќ

Како што се пишуваше и претходно, на Гоца и било тешко да живее сама во огромната вила па се шпекулираше дека ќе ја продаде или дека ќе ја издава.

„Таква вила беше тешко и скапо да се одржува. Додека Шабан беше жив, често доаѓаа негови колеги, пријатели…Гоца сега е фокусирана на помал круг на луѓе околу неа, децата и внуците со кои го поминува слободното време. Михајло живее во истата зграда како и Гоца, па и помага секој ден. На неа и тешко како и првиот ден, но се труди да не ги растажува и децата“, додава изворот.

фото: принтксрин/инстаграм/гордана шаулиќ

Шабан најголемиот дел од времето сакал да поминува в неговата викендичка во  Крчедин.

„Семејстовото плаќа на човек кој го одржува дворот, а само Илда го посетува имотот. Гоца не сакаше да оди ни кога Шабан беше жив. Штета е да пропадне таква убава куќа на убаво место. Засега, Шаулиќ не знаат дали ќе ја продадат или не. Не сакат да ја изгубат бидејќи тоа беше омилено место на Шабан“, вели изворот.

Потсетуваме, Шабан почина пред две годни во сообраќајна несреќа во Германија кога се упатил на аеродром за да се врати во Белград.

 

To top