Оливера Балашевиќ веќе речиси една година не престанува да ги изненадува бројните обожаватели на нејзиниот покоен сопруг Ѓоле. Имено, сите оние кои цврсто веруваа во идиличната љубовна приказна што ја живееја Оливерa и Ѓоле, сега се целосно збунети од одлуките што ги носи Оља.
Одлуката на Оливера Балашевиќ да ги забрани сите емисии посветени на нејзиниот сопруг на „Јутјуб“ беше само почеток, а потоа почнаа да следат и други неочекувани постапки.
Оља повторно ги изненади фановите, кога на корицата на својата книга покрај презимето Балашевиќ го додаде и моминското презиме Савиќ. Иако ја објаснила таа одлука, со тоа што романот и го посветила на мајка си, која го носела и презимето Савиќ, не успеала да го смири хаосот што го предизвикала, а потоа следел уште поголем шок.
Имено, сега вдовицата на Ѓорѓе Балашевиќ одлучила да ги избрише сите заеднички фотографии со Ѓоле од својот профил на „Инстаграм“.
Фановите на Ѓоле Балашевиќ тоа неволно го прифатија, а имаше и такви кои во оваа постапка го гледаа нејзиниот начин како да ја преброди загубата.
Што се крие зад одлуката која ја шокираше јавноста, ќе покаже времето или Оливера повторно ќе даде некое свое „лево“ јавно објаснување, како што секогаш правела досега!?
Фото: Марина Лопичиќ/Инстаграм принтскрин/olivera.balasevic