Не е тајна дека поранешните сопружници, пејачката Калиопи и актерот Васил Зафирчев одлично функционираат и по разводот, а тоа досега неколкупати јавно го докажеле и покажале.
Па, така неодамна Калиопи јавно му го честиташе роденденот на својот екс сопруг.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/moj-drag-i-sakan-kaliopi-javno-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-eks-soprugot-akterot-vasil-zafirchev-foto/
Меѓутоа, сега актерот во интервју за „Женски магазин“ откри како изгледа неговиот однос со пејачката и како изгледаат нивните дружења.
„Со Калиопи отсекогаш сме биле пред сè добри пријатели. И секогаш не врзувал искрен однос и меѓусебно почитување. Таа ми е една од најблиските во животот. Се гледаме онолку колку што ни дозволуваат професионалните ангажмани, отсуства и патувања. Но секогаш се радуваме на можноста за заедничка средба или дружење, на кои покрај разговорот, уживаме во готвењето и убавата храна“ вели Зафирчев.
Поранешниот сопруг на пејачката откри што научил од Калиопи како личност и која карактеристика најмногу ја цени кај пејачката.
„Научив дека животот е вечна сегашност. Едно големо овде и едно, долго, долго сега. Токму затоа со неа сме секогаш сега и овде еден за друг. Искреноста, талентот и алтруизмот ме фасцинираат кај неа“ вели Васил за „Женски магазин“.
Инаку, до неодамна Васил имавме прилика да го гледаме во улогата на Марио во серијата „Преспав“, а моментално игра во драмите „Тоалет за дами“, „Кралските копилиња“, „Црвенкапа“, „Одам на лов“.