Петтата сеозна на македонскиот ситком „Преспав“ започна да се емитува на 18 декември, крајот од минатата 2020 година.
Оттогаш погледнавме 17 незаборавни и урнебесни епизоди од незгодите во пансионот „Преспав“, а имавме прилика и да видиме нови улоги и актери, како што е стилистката Натали или актерката Наташа Петровиќ, но се врати и актерот Владо Јовановски.
View this post on Instagram
Неделава пак, во телевизиското шоу „Магазин“ на телевизија Сител, гостуваше актерот Васил Зафирчев за кого водителката разбирливо не ги изостави прашањата за „Преспав“.
View this post on Instagram
Меѓудругото, тој откри дека гледачите се на средината од петтата сезона, односно дека ќе имаат можност да погледнат уште толку епизоди колку досега.
View this post on Instagram
Големиот број љубители на оваа мега успешна македонска серија веројатно ќе бидат радосни за ваквата информација од неповторливиот Марио.