Васил Зафирчев сите го паметиме по улогата на готвачот Марио во „Преспав“, лик кој донесе посебна автентичност во сценариото.
Васил гостуваше во емисијата „Живот со стил“ кај Елена Стефановска и откри кои особини ги врзува со ликот на Марио.
„Она што ме врзува со Марио се само неговите убави страни. Од неговата неубава страна, приватно јас немам ништо. И во таа насока ликот ми беше многу провокативен бидејќи е многу поразличен од тоа што сум јас. За разлика од него јас сум добар во кујна. Знам да готвам, уживам да го правам тоа за себе си и за најмилите. Сакам да пробувам различни кујни“ вели актерот.
Тој потенцираше дека заедничка особина со Марио е и медитацијата. Васил изјави дека веќе седум години медитира и секој ден му завршува со медитација.
Зафирчев во шесто одделние почнал да се интеренсира за актерството и тогаш се зачленил во велешката театарска секција и оттогаш знаел дека тоа ќе биде неговиот животен пат.
Васил има играно и во многу театарски претстави, но дефинитивно ќе остане запаметен по ликот на Марио во „Преспав“.
Дали ќе има и четврта сезона од серијата останува да видиме.
Во продолжение погледнете го целото интервју.