Радио Милева „Нема да откријам за кој лик бев повикан“

Васил Зафирчев: „На кастингот за „Преспав“ не бев повикан за улогата на Марио“ (видео)

Васил Зафирчев: „На кастингот за „Преспав“ не бев повикан за улогата на Марио“ (видео)

Актерот Васил Зафирчев или познат на публиката како Марио од „Преспав“ гостуваше во емисијата „Лазаров шоу“.

Тој зборуваше за својата кариера, дека за време на пандемијата театарот во Велес успеал да реализира неколку проекти, за „Преспав“…

Aктерот исто така одговараше на прашања на следбениците, па некој од фановите го праша како реагирал кога дознал дека ќе го глуми Марио, на што Зафирчев одговори:

фото: Инстаграм/пансион преспав

„Jaс на кастингот за „Преспав“ не бев повикан за ликот на Марио. Бев повикан за друг лик, нема да откријам кој. Но, режисерот ме замоли да прочитам монолог на еден друг лик за кој знаев дека се вика Марио, дека е Хрват и дека е готвач. Го прочитав јас тоа, со сите упаства од режисерот и на крајот ја добив таа улога“, раскажува Зафирчев.

На прашањето како би реагирал доколку би требало да глуми со неговата поранешна сопруга Калиопи, тој одговори:

„Супер, каква ќе ми беше. Калиопи е голем уметник и добра актерка. Ние со Калиопи соработуваме на многу проекти, и во театар и во однос на нејзината видео продукција. Ќе бев среќен во секој случај“, вели актерот.

Инаку, Васил истакна дека се уште не се знае дали ќе има шеста сезона, но се надева дека ќе има.

Целото интервју погледнете го во видото подолу.

To top