Радио Милева ја отвори душата:

Васил Гарванлиев имал трауматично детство: „Од детска ѕвезда во Македонија, до училишен булинг во САД“ (ВИДЕО)

Васил Гарванлиев имал трауматично детство: „Од детска ѕвезда во Македонија, до училишен булинг во САД“ (ВИДЕО)

По конечната одлука на МРТВ, македонските, но и  некои од светските медиуми уште повеќе се заинтересираа за Васил Гарванлиев.

Момчето кое 1994 година го отпеа најголемиот детски хит „Марионка“, неодамна имаше интервју за најчитаната независна веб – страница на светот, посветена на Еврозија „Wiwibloggs“. Во интервјуто Васил  ја отвори душата и раскажа за своите денови од детството.

Пејачот зборуваше за тоа како од популарно дете во родната Македонија, станал дете кое е изложено на училишен булинг (врсничко насилство), откако неговото семејство емигрирало во САД. Тогаш Васил бил 7 – мо одделение и вели дека кога го продолжил образованието таму, на англиски знаел да каже само да каже: „yes“, „no“, „hello“, „goodbye“, а останатото биле само гестикулации.

„Првиот час на кој присуствував беше физичко. Не можев да ја најдам салата, само одев, а кога наставничката ми кажа нешто, јас не ја разбрав и само климав со главата. Потоа ја испружи раката кон салата, а таму сите седеа на подот, некој рече нешто и сите момчиња покажуваа со прстот во мене, смеејќи се. Поради мојата коса наставничката ме праша дали сум девојче, а бидејќи не знаев што да правам само климнав со главата и некои момчиња низ насмевка рекоа дека јас не знам да зборувам англиски. Тоа ме затвори и една година бев тивок. Од детска ѕвезда во Македонија, до ништо, а на тоа се надоврза и булингот. Сето тоа траеше додека не започнав да пеам.“ – се присетува Васил на првите училшни денови во Америка.

На крајот на оваа приказна македонскиот претставник на Евровизија истакна дека музиката всушност му претставувала канал преку кој допирал до луѓето и ги надминувал тешките ситуации во животот.

Целото интервју може да го погледнете во продолжение:

Извор:#.mk

To top