Како бајка, како приказна која подава рака од фикцијата кон стварноста – Вардар стана шампион на Европа!
Вторпат!
Во финалето, црвено-црните го совладаа Веспрем со 27-24.
Вардар водеше во поголемиот тек од натпреварот, на полувреме замина со +5 разлика. Проблемите дојдоа во второто полувреме, кога Веспрем успеа да дојде на гол негатива во неколку наврати. Во последните десетина минути сепак избраниците на Парондо ја смирија топката и покажаа сигурна игра, по што ја вратија предноста од три гола предност, која ја задржаа до самиот крај.
Најефикасeн поединец во вардаровиот тим беше Мораеш со шест гола, а кај Веспрем се истакнаа Мае со шест и Тонесен со четири погодици.