Велат дека домот е целиот наш свет, ако таму сте го оставиле вашето срце… а веруваме дека повеќето од Вас се чувствуваат баш така, па кога се дома сакаат се да им биде беспрекорно за сите сетила и по ќеф.
Така е и за нашиот познат водител Ване Маркоски кој минатата година направи крупен чекор во животот и си купи свој стан во Скопје.
Не ретко на социјалните мрежи знае да го покаже домашниот амбиент од својата приватна оаза, но според една од поновите објави која ја напиша на Фејсбук, овој мир и благосостојба не секакош ги ужува како што треба, а за тоа се виновни соседите.
Имено, тој откри дека навиките на некои луѓе не се менуваат, а сакаат да одат напред и да бидат современи Евројпани .
Па така, замислете вака опуштен водителот сака да се релаксира со чаша вино на тераса ама треба да внимава во секој момент.
Пријателите во коментари за објавата му порачаа да внимава да не падне од горе нешто и друго, поголемо и да чува глава, а за ЕУ „има време“…