Радио Милева совршеност не постои

Вакви несовршености кај понежниот пол не поминуваат, ама на Сара Мејс и е сеедно (фото)

Вакви несовршености кај понежниот пол не поминуваат, ама на Сара Мејс и е сеедно (фото)

Сара Мејс досега многупати покажа и докажа дека совршено знае да се носи со несовршеностите.

Еден ултра храбар пример за тоа беше што на само два месеци по породувањето се фотографираше по долна облека, полна самодоверба, слика и прилика за женственоста дадена од мајка природа.

Во време кога естетиката и се’ што може коригирано од женското лице и тело, Сара Мејс е токму спротивното.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Познатата пејачка и харфистка е меѓу најактивните на социјалната мрежа Инстаграм, па дури и таму не го преферира богатиот избор на разно-разни алатки за усповршување.

Па така, една фотографија која многу и се допадна, но на истата, таа не изгледа перфектно, Сара реши да ја објави, па дури и да потернцира каде е „проблемот“ на неа.

Имено, иако забите и беа намачкани со црвен кармин, Сара Мејс нагласи дека тоа се гледа и го знае, но убавата плетенка и секако насмевка не треба да трпат поради тоа.

Ова беше еден добар пример за враќање во реалноста, или ако ништо друго само потсетување дека ништо не е совршено како што навидум изгледа!

фото:Инстаграм принтскрин/Сара Мејс

To top