Елена Ристеска неодамна започна и свој нов бизнис поради кој пеењето го стави во втор план, а засега одлично и оди.
Имено, како што е познато, пејачката неодамна лансираше машки и женски парфем од нејзината козметичка линија „ЕРА“.
-Последниве две макотрпни години посветени на мојот бренд „Era cosmetics“. Едвај чекам да ви го претставам она поради кое ја ставив привремено во втор план музиката, кажа Елена.
Исто така, од неодамна има и онлајн продажба на парфемите на Ристеска.
Меѓутоа, секој би посакал колешка како Елена. Пејачката неодамна ја почести Каролина Гочева и прати подарок со својот парфем.
Тогаш таа се огласи на својот „Инстаграм“, па и се заблагодари на колешката и пријателката.
По, Гочевам подароци од Елена добија и Дарко Димитров, Тамара Тодовеска, Иво Јанковски, Александар Тарабунов кој истакна дека парфемот е многу добар и светски.
Веруваме дека Елена ќе постигне голем успех во новиот бизнис, а оние кои ќе ги купат парфемите дали за себе или за подарок, ќе бидат презадоволни и редовни корисници.
фото: Инстаграм