Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ уживаат во својата љубов и заедничкиот живот.
Пандемијата со коронавирусот можеби беше тест за многу парови, па така доста брачни двојки за време на самоизолацијата уште повеќе се зближија надокнадувајќи го времето кое го немале поради работните обврски.
Македонската пејачка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ од почетокот на својата врска беа отворени да ги покажат емоциите. Тие постојано објавуваат заеднички фотографии со емотивни пораки.

Оваа година станаа и родители на Максим, па својата енергија и љубов ја насочуваат кон нивниот наслендик.
Короната уште повеќе ги зближи Гуте и Елена, а овој пат Маринковиќ на својата сакана и приреди изненадување како на филм.
Имено, тој во нивниот дом направи домашно кино, односно направи романтични услови заедно да гледаат филм.
„Ми кажа пред некој ден подготвува план да уживаме за викенд и да ги тргнеме мислите од работата и сe’ останато. Не сакаше да ми каже за што се работи, само ми кажа дека е изненадување бидеќи заслужувам. Додека бев во кујната тој се намонтира, а сега ни преостанува да уживаме. Максим спие. Фала ти Гуте“, напиша Елена покрај заедничката фотографија.

И Маринковиќ објави заедничка фотографија со Миленковска на која се прегрнати и гледаат филм со Андрија Милошевиќ и Анѓелка Прпиќ.

Потсетуваме, српско – македонскиот пар се запозна во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во кое беа под менторство на Ана Бекура. По неколку месечна врска тие се свршија, во јануари оваа година направија свадба, а во јуни станаа родители.