Водителот и продуцентот на „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ и водителка Дајана Пауновиќ по разводот останаа во добри, пријателски односи.
Дека меѓу екс двојката се е во ред зборува и тоа дека Жика Јакшиќ го платил реновирањето на станот на неговата поранешна сопруга во кој живее со нивниот син Душан.
View this post on Instagram
Имено, Дајана сакала да го освежи со нови посветли бои, но и да купи нов мебел за дневната соба. За овој проект, наводно продуцентот издвоил 10 000 евра и ги исполнил желбите на неговата поранешна жена.
Извор близок на водителката ги потврди овие пишувања и тврди дека и покрај разводот, Жика е најголема поддршка во животот на Пауновиќ.
View this post on Instagram
„Жика и Дајана и по разводот живеат како нивниот брак да не завршил. Тие живеат во близина еден на друг на Бежаниска коса и често се гледаат, слушаат и учествуваат заедно во воспитувањето на нивниот син Душан. Дајана не донесува ниту една одлука без да се консултира со Жика. Таа е мајка на неговото дете и тој се труди нешто да не им недостига. Последно нешто што направи е што и даде огромна сума на пари за да го реновира станот“, вели изворот.
Дајана и Жика не се огласија по повод овие пишувања.