Мегафон
со срце и душа од трибини

Вака „Вардар“ се сака и кога губи! (ВИДЕО)

Вака „Вардар“ се сака и кога губи! (ВИДЕО)

Вардар не успеа да ја одбрани титулата освоена минатата година откако во полуфиналето загуби од Монтпелје со 28-27. Ракометарите се бореа од првата до последната минута, дури и во последните минути стигнаа во ситуација да извадат поволен резултат но не успеаа.

И покрај поразот Комитите покажаа дека Вардар се сака и во добро и во зло, и кога победува и кога губи. Денеска не успеавме, но ракометарите на Вардар и по поразот ја имаа целокупната поддршка од трибините. За Вардар навиваше и старо и младо, со сето свое срце, душа, со неизмерна љубов кон клубот, кој вака се сака и кога губи.

Погледнете го видеото подоле: