На повеќето од возрасната популација имињата и особено прекарите на Марко Марковиќ – GP и Стефан Рашковиќ – Стефонатор веројатно ништо не им значат, но овие двајца тинејџери кај нивните врсници во македонија се еднакво популарни колку и еден Џастин Бибер, на пример. важат за најпознатите и најпопуларни македонски јутјубери, кои со своите откачени идеи и креативни видеа ја излудеа тинејџерската популација.
За промоцијата на нивната автобиографска книга „Нашиот пат“ се чекаше со часови да се добие со нивен потпис, а просторот на МКЦ беше претесен да ја собере неколку илјадната армија нивни обожаватели кои дојдоа на промоцијата да се фотографираат со своите идоли. Еуфорија незапаметена уште од времето на легендарниот Тоше.
Е токму тие двајца сдојдоа до идеја да направат и еден кус видеосеријал насловен 90 секунди. Не дека тоа е не знам каква револуција, но такво нешто кај нас до сега немало. Интересни, необични, несекојдневни, откачени прашања на кои јавните личности во Македонија, без многу размислување одговараат со првиот одговор што ќе им падне на памет, во времетраење од 90 секунди.
Низ серијалот минаа многу познати ликови, па редот дојде и на него – најпознатиот рецепционер во Македонија. Таљат од Џепчиште, пардон… од „Преспав“. Или Дритон Вејсели, како што му е вистинското име на популарниот актер.
Што јаде, што пие, што и кого вози, има ли симпатија, со колку прсти пишува на тастатура… ќе дознате од Таљат од „Преспав“, ако го проследите видеото во „90 секунди“: