Вељко Ражнатовиќ се потруди во Лозница добро да се забавува. Излезе со друштво, како и со вереницата Богдана Родиќ, па лумпуваше до доцна во ноќта.
Се пееше и пиеше во преполниот диско клуб на звуците на српскиот турбофолк и поп – фолк, а дека има и танцувачки афинитети и квалитети синот на Цеца покажа пред очите на сите присутни.
Иако и пред тоа беше главен во клубот, во еден момент Вељко се качи на шанкерска столица, па запеа и така качен почна да танцува!
Богдана остана на своето место, а танцувачкиот перформанс на својот вереник го проследи само со насмевка.
Фото: Дамир Дервишагиќ/Соња Спасиќ