Радио Милева

Вака се сака жена: Сара Мејс се пофали какво неочекувано и слатко изненадување доби од Димитар (фото)

Вака се сака жена: Сара Мејс се пофали какво неочекувано и слатко изненадување доби од Димитар (фото)

Малку треба за некого да направиш среќен. Сите луѓе бараат среќа, со помалку или повеќе упорност, а најмногу шанси да ја најдат и сочуваат имаат оние кои ја бараат во заедничката среќа со што повеќе луѓе со кои животот ги поврзува, кажал Иво Андриќ.

А пак, најголемата среќа во животот е увереноста дека сме сакани – сакани поради тоа какви сме или уште повеќе, и покрај тоа какви сме, кажал Виктор Иго.

Веројатно воден по вакви максими за среќата, водителот Димитар Атанасовки практикува да ја сака и изненадува својата сопруга, пејачката Сара Мејс.

фото:инсатграм/сарамејс

Токму еден гест на Диме покажа дека за среќа е потребно многу малку, но само ако во себе носиш вистинска и чиста љубов.

Жената која му го подари наголемото богатството на светот, малата Илина, и го направи татко, го заслужува целото внимание и љубов.

фото:инсатграм/димитаратанасовски

Имено, Сара на својот Инстграм се пофали со фотографија од свежи лалиња кои без повод и на изненадување ги добила од својот Диме.

„Кога сопружникот ранром ќе те испоштова“ – пишува Сара за фотографијата.

Нека ова денес ве инспирира и Вас, наполнете го срцето на најдрагите и израдувајте ги без повод, но со причина, а таа се вика Љубов!

To top