Македонскиот модел, мисица Емилија Розман го имаше можеби најнеобичното и најчудно стапување во брак. И секако убедливо најкусо од познатите личности беше во врска со својот сегашен сопруг, Стефан Ангелкоски, кога за само 24 часа од двајца кои воопшто и не се познаваат станаа прво инстант љубовници, а потоа и брачна двојка.
Имено, Розман откако го запозна својот партнер, преку ноќ се сврши и официјално стана мажена жена.
Емилија сето тоа го обзнани на социјалните мрежи, по што следуваше кусата семејна веселба, повеќе свечен ручек за запознавање на семејствата,откако работата веќе беше завршена… И оттогаш штама. Госпоѓа „Розмантична“ ја снема од социјалните мрежи, се’ до вчера…
Но, со новиот ден, осамнаа и новите фотографии на „невестата“… И тоа онакви, какви што претходно Емилија неретко споделуваше: провокативни, кои ја скокоткаат јавноста и љубопитноста на сите што ги интересира приватноста на познатите. Но, за да не мораат да се распрашуваат и да се мачат да истражуваат и пребаруваат, Розман самата им приушти да ѕирнат во нејзината спална соба.
Имено, убавицата сподели две фотографии на кои таа е прилично раскомотена… Или поточно доволно провокартивна и асоцијативна за тоа како тазе невестата ги минува првите брачни ноќи.
На првата госпоѓа Розмантична, онака распослана на брачната постела, само во долна облека легната на стомачето уште еднаш го споделила сиот свој телесен раскош визуелно со јавноста… Во прв план покрај ангелскиот лик, она со што мајката природа ја надарила…
На втората фотографија Емилија во истите невестински гаќички пред отворената балконска врата во стоечка поза која на многумина им буди копнежи и им ја бранува фантазијата, а само на еден му ја разубавува стварноста.
„Научив дека луѓето ќе заборават што сте кажале, луѓето ќе заборават на она што сте го направиле, но луѓето никогаш нема да заборават што сте направиле за да се почувствуваат вака или онака. Не смееме да дозволиме ограничените сфаќања на другите луѓе да не дефинираат“ – напишала Розман покрај фотографијата, а пораката… Кој ја разбрал – разбрал! Кој не, доволна му е фотографијата!
Првите денови во брачниот живот, особено ако тој започнува во исто време, паралелно со љубовната врска, се најслатки… Како првото сркнато лажиче од тукушто отворената тегла со медот, првата коцка од чоколадото или првата голтка уринско кафе…
А госпоѓа Розмантична и нејзиниот брачен партнер тукушто започнаа да „сркаат од медот“. Обично по бурната ноќ доаѓа слатко будење и опуштено утро, со единствено чувство од брачната постела.
За нејзиното задоволство само невестата си знае, ама она на тазе младоженецот е евидентно… Впрочем, споделените емотикони под фотографиите на разголената сопруга, најдобро говорат за „единственото чувство“… од спалната! Како беше она: „Кој си побарал, си земал… И си добил“!