Радио Милева
За ова има минус

Вака Пријовиќ се однесува кога мисли дека никој не ја гледа, а Филип ја моли да не го прави тоа (фото)

Вака Пријовиќ се однесува кога мисли дека никој не ја гледа, а Филип ја моли да не го прави тоа (фото)

Порокот на Александра Пријовиќ сега излезе на виделина.

Куќната слава на балканската дива Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ очигледно помина во прекрасна средина и во многу добро расположение на целото семејство кое се собра на овој важен датум. Имаше се’, од храна и пијалоци, до добра музика и песни, а она што на многумина им падна во очи е порокот на Александра Пријовиќ, снаата на Боба која се опушти, уживаше и откри можеби и повеќе отколку што сакаше.

 

Дека беше одлично време и дека се славеше до доцна во ноќта сведочат видеата кои го преплавија „Инстаграм“, меѓу кои и едно што е доста интересно. Имено, во вжештена атмосфера за која придонесоа многу музички ѕвезди, кои се фатија за микрофонот и испеаја дел од безвременските хитови, сопругата на Филип Живојиновиќ несмасно влезе во кадарот со цигара и откри факт кој ретко кој знаеше.

Порокот на Александра Пријевиќ е нешто на што очигледно не сака да одолее, иако може многу да влијае на нејзиното здравје, но и на гласовните способности, а бидејќи Филип е нејзиниот најголем критичар, нема сомнеж дека го привлече вниманието на оваа лоша навика.

Тоа што цигарите се порок на Александра Пријовиќ несомнено изненади многумина, но пејачката во една прилика откри дека не и е непознато да има неколку пороци, нагласувајќи дека е многу умерена во тоа:

– Сакам да пијам и ракија и вино, сакам се’… Но многу умерено. НИКОГАШ не си дозволив да пијам премногу, да пијам мало шише или две. Многу е грдо да се види жена мртва пијана, никогаш не си дозволив да го направам тоа. Сакам да пијам пиво со Филип и со другарките – изјави еднаш за медиумите Александра, а во една емисија покажа дека е голем познавач и на домашните и на странските пива.

фото:Инстаграм/Александра Пријовиќ

Останати вести од Радио Милева