Радио Милева нивен ден

Вака познатите Македонки го честитаа или ним им го честитаа 8-ми Март (ФОТО)

Вака познатите Македонки го честитаа или ним им го честитаа 8-ми Март (ФОТО)

Меѓународниот ден на жената, 8 март, како и сите жени и познатите Македонки не го пропуштија и на некој начин го одбележаа, секоја на свој начин. Покрај многуте мали знаци на внимание со кои се пофалија  на социјалните мрежи, моќни пораки со осмомартовски честитки кружеа на Интернет, мамејќи насмевки од сите страни.

Еве избор од тоа каде, како, со кого или што добија на подарок или честитка дел од познатите македонски дами – јавни личности за меѓународниот ден на жената, 8-март.

Марјана Станојковска праникот ја затекна во Струмица, во карневалска атмосфера. Среќен 8-ми март убавици… Ви посакувам убав ден, како што сте вие“ – напишала македонската лото девојка и ТВ водителка под фотографијата од Струмица на улица, сликана со црвена осмомартовска роза в рака.

„Од се срце посакувам да сте среќни не само денес, СЕКОЈ ДЕН! Бидете исполнети со љубов, хармонија и самодоверба. Среќен 8ми Март“ – порачала Викторија Лоба во својата осмомартовска честитка до сите жени.

Лила Филиповска својата осмомартовска честитка ја поделила во два дела: Онаа посветена на жените и онаа другата посветена на мажите… И тоа оние, хуманите.

„Замислете се како да сте кралица. Зашто ние сме светски шампиони, драги мои. Среќен празник мои дами“  – вели Лила честитајќи им го празникот на припадничките на понежниот пол со букет црвени рози в рака, а потоа ги потсетува оние од посилниот, да бидат хумани за празникот: „Прославете го 8 Март со донација во женски фонд за помош и поддршка на жените жртви на насилство. Колку почитуваш женско… Толку си машко!“ – поентира водителката во својот осмомартовски апел.

Пејачката и основач на фондацијата „проект среќа“ Кристина Арнаудова е и горда мајка. Токму затоа најмногу му се израдува на подарокот во вид на осмомартовска честитка  на едно од нејзините две чеда – синот Матео, кој едноставно… си ја сака мама!

Водителите на Утринската програма на ТВ Телма во работна атѕмосфера и за 8-ми март. Со цвеќе в рака и осмомартовска порака до гледачите, претсавнички на понежниот пол.

Сузана Турунџиева часови пред празникот се породи постарата ќерка Лора,  стана млада баба, а нејзината помала ќерка Матеа, мала тетка. Радоста од двата за нив големи празници ја споија и претворија во една честитка до сите жени, мајки, девојки, баби… Епа… нека трепка!

Спонзорите исто така не гио забораваат своите клијенти, особено не познатите лица кои ги рекламираат. Таа е дама, денот празник на дамите, а тие секогаш внимателни. Затоа и Милена Антовска доби сладок осмомартовски подарок со посвета: „Биди посилна од што можеш и убава токму како што си“.

Мијата е најреспеаната контролорка на летање во Македонија, но пред се дама, која во своето женско друштво од колешки исто така работно го мина денот за 8-ми Март. Впрочем, контрола мора да се има на се’… А, „силни жени, силна контрола“ – се разбира.

И ДЈ Вера Генерал Јанковиќ работно им го разубавуваше денот и себе си и на дамите за 8-ми Март. А покрај добрата музика и одличната журка и еден цвет е доволен за добар микс за  8-ми Март!

 

Калипои Букле е на турнеја низ регионот. Во паузата меѓу два концерта го дочека денот на жената, кој им го честиташе на сите дами, потсетувајќи ги дека… „Секој ден е Ваш ден“.

 

To top