Тоше Проески, најголемата македонска поп-ѕвезда, остави неизбришлива трага со своите емотивни песни и вонсериски глас.
Трагично загина на 16 октомври 2007 година оставајќи ја и естрадата и неговите обожаватели и сите останати, од најблиските до пријателите во тага и солзи. Многумина негови колеги често се сеќаваат на него, пеејќи ги неговите песни и прераскажувајќи анегдоти од турнеите и гостувањата на кои биле заедно со вонсерискиот македонски пејач.
Познат по својата чиста емотивна душа, што е реткост дури и за уметник, Тоше умееше со својата емотивна изведба и неповторливиот глас да ги расплаче и најсилните.
На српските медиуми осамна видео старо речиси 17 години, кое разнежни многумина, потсеувајќи не каква величина беше Тоше .
На снимката Тоше во 2005-та година среде една кафеана во Софија, во Бугарија, во придружба на кафеанските музичари, за своја душа и ушите на сите присутни ја пее познатата изворна македонска песна „Јовано Јованке“. Тој со својот ангелски глас ги исполнува срцата на сите околу себе, а ова е еден од оние моменти кои постојано не потсетувааат каков човек и патриот беше Тоше и приватно.