Откако потресната вест за смртта на македонскиот рокенрол пејач Влатко Илиевски ја потресе целата нација, со брзина на светлината веста ја пренесоа и соседите.
Едни од најпопуларните српски електронски медиуми веднаш ја пренесоа потресната вест од соседството, а во центарот на вниманието се најде и неговото претставување на Македонија на Евровизија.
Илиевски кој беше еден од најпознатите рокери на нашите простори беше пронајден мртов вчеравечер во својот автомобил, а веста за неговата смрт ја пренесоа и неколку европски медиуми посветени на Евровизија на која тој во 2011 година пееше во името на Македонија.
Извор:Курир