Радио Милева директно и болно

Вака Марија Шерифовиќ дознала дека има полубрат, а семејството со години ја криело вистината (фото)

Вака Марија Шерифовиќ дознала дека има полубрат, а семејството со години ја криело вистината (фото)

Марија Шерифовиќ потекнува од музичко семејство. Од мајка си Верица наследила одличен глас, но се одлучила за поинаков жанр. Како што знаеме, со музика се занимава и нејзиниот полубрат Данијел Павловиќ, кој на пошироката јавност и стана познат како учесник во „Операција триумф“.

Даниел се појави и во некои други реални шоуа, каде покрај талентот за музика, покажа и дека е одличен имитатор. По професија е пијанист и има своја школа за пеење.

Откако се појави на сцената во 2008 година, многумина ги интересира каков однос има со својата полусестра. Дали се блиски, ќе има ли дует, соработка, било што.

Дефинитивно нема никакви проблеми меѓу нив, што Марија на одреден начин го потврди кога гостуваше во емисијата кај Славица Ѓукиќ Дејановиќ. Како што рече, Даниел е плод на вонбрачна врска, односно љубовта на нејзиниот татко Рајко.

– Не се сеќавам точно кој ми кажа дека имам полубрат, но мислам дека тоа беше Драгиња, мајката на Рајко. Ние во семејството никогаш не сме ги нашле најправилните и најбезболните начини да комуницираме за било што. Секогаш беше болно, директно и мислам дека тоа е фер.

Популарната пејачка за Даниел дознала уште кога била во основно училиште.

– Во тој момент јас како постара сестра му станав заштитник. Сите личности кои имаат некаква генетска врска со мене ја имаат и сета моја поддршка, сета моја сила, сите мои крилја – децидно истакна Марија.

фото:instagram printskrin/ Blic TV

To top